Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 165.850 статии на македонски јазик и 348 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија

Александар Ончев Мартулков, познат по псевдонимот Бизмарк — македонски револуционер и политичар. Меѓу првите пропагатори на социјализмот во Македонија. Деец на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание. Член и раководител на ВМРО (Обединета) во 1930-тите.

Роден во сиромашно работничко семејство, стекнал више образование во Скопското педагошко училиште. Во 1894 година се приклучил во социјалистичкото движење со поттик од Васил Главинов. Како член на Македонската социјалистичка група, учествувал во првото празнување на ден на трудот во Бугарија. Во 1900-тите соработувал со Велешкиот револуционерен реон и Иван Аљабакот. Во 1906 година се преселил во Софија каде се приклучил во Бугарската комунистичка партија. Учествувал во политичкото управување на Македонија по Младотурската револуција.

За време на Првата светска војна, го основал Комитетот на дезертери каде префрлил македонски борци од српската војска во Царството Бугарија. Во текот на војната бил секретар на Општина Оморани и подоцна чиновник во Косово и Метохија. По војната се приклучил во Емигрантскиот комунистички сојуз и Велешкото благотворително братство „Рајко Жинзифов“. Во 1931 година бил одбран за пратеник во народното собрание на Бугарија, заедно со Христо Трајков. Во 1932 година почнал со издавањето на весникот „Македонско знаме“, следната година доживеал неуспешен обид на атентат од Михајловистите. На 8 јули 1936 година, го осудиле Мартуков заедно со останатите членови на ЦК на ВМРО (Обединета).

Учествувал во Народноослободителната борба. Во 1944 година се приклучил во Президиумот на АСНОМ и подоцна во народното собрание на НР Македонија. Помогнал со спроведување на Илинденската пензија и подоцна доделување на Илинденската споменица. Во 1954 година ги објавил неговите спомени насловени „Моето учество во револуционерните борби на Македонија“. Во текот на 1960-тите, Лазар Колишевски го изолирал Мартулков од секојдневните политички функции. Незадоволен со режимот, се преселил во Народна Република Бугарија каде починал. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 31 октомври 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1517  На портата на црквата во Витенберг, Мартин Лутер ги објавил своите 95 тези. Со тоа започнала протестантската реформација во католичката црква. Овој ден се слави како „Ден на реформацијата“.
1876  Страотен циклон ја разурнал Индија во областа на сливот на реката Ганг, оставајќи зад себе над 100.000 загинати. Уште 100.000 загинале по невремето од болести.
1892  Артур Конан Дојл ги објавил Авантурите на Шерлок Холмс.
1924  Во Милано, Италија бил одржан Првиот меѓународен конгрес на штедилниците. Тој ден е прогласен за Светски ден на штедењето.
1956  Во Египет избувна Суецката војна. За да ја задржат контролата над Суецкиот Канал, Британските и француските авиони го бомбардираа Египет.
1984  Индира Ганди, премиерката на Индија, била убиена од двајца членови на обезбедувањето, етнички Сики. По убиството следеле немири во Њу Делхи во кои биле убиени скоро 2.000 невини Сики.
1994  Водачот на босанските Срби, Радован Караџиќ, објавил „воена состојба“ во Босна, наредувајќи сите резервисти да се јават кај своите команданти, за да се подготват за контраофанзива во северозападниот дел на земјата.
1995  Република Македонија e вклучена во програмата ФАРЕ.

Родени:

1345  Фердинанд I — крал на Португалија.
1391  Едвард Португалски — крал на Португалија.
1424  Владислав III — крал на Полска и Унгарија.
1705  Климент XIV — римски папа од (1769-1774).
1835  Адолф фон Бајер — германски хемичар.
1838  Луис I — крал на Португалија.
1892  Александар Алехин — руски шахист.
1903  Џоан Робинсон — англиска економистка.
1905  Хајнрих фон Штакелберг — германски економист.
1919  Димитар Богоевски - Мите — народен херој на Македонија.
1920  Фриц Валтер — германски фудбалер.
1921  Бранко Станковиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер.
1929  Бад Спенсер — италијански глумец.
1930  Мајкл Колинс — американски космонаут.
1939  Али Фарка Туре — музичар од Мали.
1942  Атанас Ќушкоски — македонски драмски писател.
1947  Херман ван Ромпој — белгиски политичар.
1959  Звонко Живковиќ — српски и југословенски фудбалер.
1961  Питер Џексон — новозенландски режисер.
1963  Џони Мар — англиски рок-музичар, член на групата Смитс (The Smiths).
1964  Марко Ван Бастен — холандски фудбалер.
1968  Ванила Ајс — американски рапер.
1971  Сашо Гешовски — првата жртва од Македонија во воените конфликти кои избиле во 1991 година во СФРЈ.
1972  Григорис Георгатос — грчки фудбалер.
1976  Гути — шпански фудбалер.
1979  Симао Саброса — португалски фудбалер.
1995  Предраг Рајковиќ — српски фудбалски голман.
1997  Маркус Рашфорд — англиски фудбалер.
1999  Јани Атанасов — македонски фудбалер.
2002  Ансу Фати — фудбалер од Гвинеја-Бисау.

Починале:

1448  Јован VIII Палеолог — претпоследен византиски цар.
1851  Петар Петровиќ - Његош — владика и владетел на Црна Гора.
1898  Јосиф Ковачев — македонски педагог, реформатор, револуционер, политичар и научник.
1984  Индира Ганди — премиер на Индија и истакнат водач на Движењето на неврзаните.
1987  Џозеф Кемпбел — американски митолог.
1993  Ривер Феникс — американски глумец и музичар.
1993  Федерико Фелини — италијански филмски режисер.
1997  Тадеуш Јанчар — полски глумец.
2002  Михалис Стасинопулос — претседател на Грција.
2002  Раф Валоне — италијански фудбалер и глумец.
2005  Амрита Притам — индиска писателка.
2006  Питер Бота — претседател на ЈАР.
2011  Флоријан Алберт — унгарски фудбалер.
2020 Шон Конери — шкотски глумец.

Празници:

*  Светски ден на штедењето
*  Ноќ на вештерките
*  Ден на реформацијата — празник во протестантството, особено за лутеранците. Државен празник во Чиле.
Издвоен цитат
„

„Младите имаат многу радости и многу таги, бидејќи се имаат само себе си за кого да мислат, па така секоја желва и секоја помисла добива важност. Секое задоволство е почуствувано во целост, но исто така и секоја тага, и многу кои не можат да ги исполнат своите желби, веднаш ставаат крај на својот живот.“
— „Гертруда“, Херман Хесе, 1910 год.

“
Слика на денот

Плакат на НАСА за Ноќта на вештерките со мртвата галаксија MACS 2129-1.
Дали сте знаеле...


Првото издание на „Кулинарски водич“ од 1903 г.
Првото издание на „Кулинарски водич“ од 1903 г.


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 165.850 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич